Кога Samsung го претстави Galaxy Z Flip, исклучително тенкиот екран на уредот предизвика внимание од многумина. Екранот во теорија нуди подобро чувство и издржливост во однос на кревката пластика кај Galaxy Fold моделот. Меѓутоа, ова не е потврдено на тестот кој го спроведе Зак Нелсон, од популарниот YouTube канал JerryRigEverything.
Екранот на Galaxy Z Flip телефонот, според овој тест, е подложен на гребење во иста мерка како и Galaxy Fold и Motorola Razr моделите, до мерка каде дури и со ноктите може да се остави трага. Тестовите со палење и прободување на екранот не дадоа ништо подобар резултат.
Нелсон оди дури и до таму што сугерира дека Samsung не користел вистинско стакло, шпекулирајќи дека би можело да се работи за хибрид од стакло и полимер.