Првпат во историјата температурата на воздухот на Антарктикот се искачи на 20 степени Целзиусови.
Научниците на антарктичкиот остров Сејмур на 9 февруари измерија 20,75 степени, што е доказ дека температурата во последните години расте со голема брзина.
Претходниот рекорд од 19,8 степени бил во 1982 година. Се чека рекордните температури да ги потврди Светската метеоролошка организација.
Научниците собираат податоци за температурата на секои три дена, а новиот рекорд го опишаа како „неверојатен и ненормален“.
И додека температурите во источниот и централниот дел на Антарктикот се релативно стабилни, во западниот дел загревањето на океанот влијае врз топење на глечерите, што доведува до пораст на нивото на морето.
Antarctic temperature rises above 20C for first time on record https://t.co/uTzSuoOgMm
— The Guardian (@guardian) February 13, 2020
Аргентинската метеоролошка станица „Есперанса“, што е лоцирана во северниот дел на Антарктикот, на 7 февруари измери 18,3 степени Целзиусови. Со тоа беше соборен претходниот рекорд од 17,5 степени Целзиусови измерени во март 2015 година.
„Есперанса“ ја мери температурата на воздухот на Антарктикот од 1961 година.