За графенските батерии се зборува со години, а она што го ветуваат е поголема издржливост, пократко полнење и конечен крај на ерата на литиум-јонските батерии.
Се ближи денот кога ќе бидат претставени. Real Graphene, технолошкиот бизнис од Лос Анџелес сака да биде првата компанија која ќе зачекори на пазарот на графенски батерии.
Но, производството на овие батерии ќе биде поскапо за разлика од литиум-јонските батерии бидејќи ќе бидат потребни 30 проценти повеќе ресурси за да се направат.
Знаеме дека Samsung е една од првите компании кои го тестираа графенот како материјал за батерии, но уште не се појавил уред во кој е применет.
#Graphene #batteries are already here, they #charge #super #fast, and last a #long #life time in terms of #cycle #charges.https://t.co/hx3b2NFpmu https://t.co/B09A0tsCuy #foresight #predictions #futuretrends #futureofwork #futurejobs #keynotespeaker pic.twitter.com/gTrfDnnqxK
— Thomas Frey CSP (@ThomasFrey) January 20, 2020
Новата батерија што ја користи оваа нова технологија ќе се полни дури пет пати побрзо од литиум-јонските батерии што се користат во повеќето современи мобилни телефони. Графенот исто така го зголемува капацитетот на батеријата за 45%, што воопшто не е малку.
По своите првични истражувања Samsung откри дека графенот е 100 пати поефикасен спроводник од бакарот, па поради тоа е „совршен материјал за брзо полнење“.
Но, инсајдери во оваа индустрија велат дека Кинезите се поблиску до пласирање на готов производ и тоа уште во првото тримесечје од 2020 година, или попрецизно кон крајот на март.