Верувајќи дека објавува видеоспот со кој ја истакнува убавината на Рио Де Жанеиро, маркетиншката агенција направила тешка грешка објавувајќи порака која всушност предупредува на насилство во градот на карневалот.
Промотивниот спот на англиски јазик бил емитуван во вторникот навечер на Инстаграм профилот на агенцијата “Ембратур”, која потоа го отстранила бидејќи корисниците го исмејувале.
“Не можам да препорачам посета на градот во кој се плашев да излезам од станот”, вели Бразилка од Коритиба, која живее во Германија веќе шест години и била во посета на Рио.
Рио де Жанеиро се смета за најголема мамка за туристи во Бразил и бил домаќин на Олимписките игри во 2016-та година, и ги маѓепсува посетителите од целиот свет со своите плажи и раскошна природа.
Но, тој “чудесен град” мачи мака со сериозни проблеми со насилството.
Агенцијата можеби била наведена на грешка бидејќи својата порака до посетителите ја почнува со зборовите – “Рио е величествен град”….а потоа следи вториот дел од реченицата – “но убавината не е доволна”.
Туристката во спотот вели дека го посетила Рио со својот германски партнер и помладата сестра, па набројува страшни сцени со кои се соочила или ги сведочела.
“Јас и моето семејство бевме ограбени, мојата 9-годишна сестра беше сведок на кражба проследена со насилство”, рекла таа.
“Ембратур” објаснил дека спотот го емитувал по грешка, а намерата му била спротивна – да ја извести меѓународната агенција за намалувањето на насилството во 2019-та година.
Институтот за јавна безбедност и владата на државата Рио објавиле дека бројот на убиства паднал за 19 проценти во 2019-та година во однос на претходната. Исто така наведуваат дека паднал и бројот на кражби на улиците на 8 проценти.
Извор: B92.net