Кинески научници тврдат дека постои можност панголините (посебен вид цицач чие тело е покриено со лушпи) да се секундарен носител на коронавирусот, од кој досега во Кина починаа 636 луѓе.
Недозволената трговија со панголини е честа појава поради нивните крлушки и месото.
– Последното откритие ќе биде од голема важност за превенција и контрола на изворот на вирусот, соопшти Земјоделскиот универзитет на јужна Кина, кој го спроведува истражувањето.
Бројот на смртни случаи како последица на коронавирусот во Кина изнесува 636 луѓе, а досега се заразени 31.161 лице.