Intercontinental Exchange (ICE), сопственикот на Њујоршката берза, сака да го преземе eBay, дознава Reuters од добро информирани извори.
Аквизицијата би надминала 30 милијарди американски долари и би претставувала значајно отргнување од фокусираноста на ICE на финансиските пазари.
ICE потврди дека пристапил до eBay за да разговара за потенцијалот за соработка, но негира дека е разговарано за продажба на целиот eBay или некој негов дел.
Неофицијално може да се дознае дека ICE не е заинтересиран за огласниот сегмент на eBay, за кој eBay размислува да го стави на продажба.