При изградба на мостови, вообичаена е потребата да се надмине пречката во форма на поголема водена површина за да може патниот или железничкиот сообраќај да функционира непречено. Овој мост во Холандија, сепак, ги постави работите наопаку.
Аквадуктот Veluwemeer е необичен воден мост што се отвори пред скоро две децении. Долг 25 метри и широк 19 метри, мост дизајниран да може по него да пловат бродови. Аквадуктот е длабок три метри, дозволувајќи им на помалите пловни објекти да преминуваат од едниот дел на езерото на друг.
Овој необичен мост е изграден преку патот N302 што ги поврзува двата дела, Флеволанд и Гердерленд. Патот се сече преку езерото Veluwemeer, кое е дом на многу чамци и јахти.
Голем број бродови пловат по езерото, а нивната висина е различна, што претставува најголема пречка за изградба на стандарден мост за возила. Требаше да се најде алтернатива, а решението до кое тие дојдоа беше поевтино и изгледа фасцинантно.
Изграден е пат за да им овозможи на автомобилите да се движат под нивото на водата, но не во тунел. Како резултат, повеќе од 30 илјади возила – и автомобили и бродови, секој ден се движат по водениот мост и по патот, без да се вознемируваат едни со други.