Кога ја започна мисијата во 2003 година телескопот Spitzer важеше за најделикатната направа за детектирање на инфрацрвена светлина. По мисијата, која траеше 6.002 дена, американската вселенска агенција НАСА ќе го разреши од должност вселенскиот телескоп.
Последните собрани податоци се веќе преземени, а телескопот ќе влезе во безбедносен режим што значи дека повеќе нема да испраќа снимки од вселената назад кон Земјата.
Spitzer претставува еден од четирите големи опсерватории на НАСА, заедно со телескопот Hubble, Chandra и Compton. Благодарение на неговата мисија добивме восхитувачки инфрацрвен приказ на вселената.
Раководителот на проектот, Џозеф Хант, на Twitter го испрати последниот поздрав кон вселенскиот телескоп.
At 2:34 pm PST on Jan. 30, 2020, Spitzer Project Manager Joseph Hunt declared the Spitzer spacecraft decommissioned.
Farewell, Spitzer. Thank you for the great science. ?#SpitzerFinalVoyagehttps://t.co/o1J0vNp2dt
— NASA Spitzer (@NASAspitzer) January 30, 2020
Лансиран во 2003 година научниците очекуваа дека неговата мисија ќе биде околу 5 години. Ги надмина сите очекувања и беше оперативен 16 и пол години. Spitzer кружи негде околу Сонцето, не е во орбитата на Земјата. По последната заповед на НАСА ќе ја насочи антената кон Сонцето. Ќе почне да скита и за 53 години повторно ќе мине покрај Земјата, а потоа ќе продолжи да патува длабоко низ вселената.
Во 2021 година ќе биде лансиран вселенскиот телескоп James Web, кој ќе претставува негов наследник.
Извор: Klix.ba