HMD Global ја одложи објавата на следниот премиум паметен телефон на Nokia за да му даде подобра шанса да се натпреварува со конкуренцијата на пазарот во 2020. година. Тоа значи дека смартфонот ќе се појави на пазарот дури наесен, но ова и дава на компанијатѕа доволно време да се префрли на Snapdragon 865, кој ќе го користат и поголем дел од конкурентските модели.
Ова одложување, исто така, би му дало доволно време на HMD да имплементира селфи камера под екранот, а ова досега се уште немавме прилика да го видиме кај паметните телефони. Според гласините, оваа карактеристика моментно се тестира на Nokia 9.2 моделот.
Постојат неколку компании, кои исто така споменуваа имплементирање на оваа технологија. Oppo прикажа некои демо уреди, како и Xiaomi.
Nokia 9.2 би требало да се оддалечи од неуспешниот повеќекратен систем на камери од Nokia 9 и компанијата би можела да се определи за потрадиционален систем на камери. Поради тоа, ова повеќе нема да биде карактеристики која го одвојува телефонот од конкуренцијата, но тоа можеби би можела да биде имплементацијата на „скриената“ предна камера.