Рускиот космонаут Олег Артемјов, кој двапати престојуваше на Меѓународната вселенска станица, изјави дека верува во постоењето на интелигенција надвор од нашата планета и се надева на средба со вонземјани.

„Досега не сум летал многу, така што не успеав да ги видам“, рече тој на презентацијата на својата книга во Музејот на космонаутиката.

Рускиот космонаут прецизираше дека верува во вонземска интелигенција.

Според него, руските космонаути кои летаат на МВС добиваат таблети со 60 гигабајти музика како психолошка поддршка. Токму со таблетот тој ја направил својата прва фотографија од вселената. На тој начин фотографиите излегуваат поубави отколку кога се користи професионална техника, која поради гломазните објективи не може да „ѕирне зад аголот“, додаде тој.

Артемјов леташе во вселената во 2014 и 2018 година. Мисијата на МВС обично трае околу шест месеци.

Извор: Russia Beyond