Откако стана самостојна компанија, Poco го објави датумот на претставување на својот прв паметен телефон. Poco X2 пристигнува на 4. февруари.
Смартфонот ќе го карактериозира екстремна стапка на освежување на дисплејот за екстерен гејминг, како и 64MP камера со Sony IMX686 сензор, течно ладење и Qualcomm чипсет.
Poco X2 е најавен на Twitter, со многу интересен хаштаг „Be Smooth af“. Тука е и краток линк, кој корисникот го испраќа на главната страница, која ја промовира стапката на освежување на екранот на Poco X2, а страницата е најдобро да се отвора преку мобилен телефон.