На американските пилоти на авиони-ловци им е неопходно повеќе практична обука кога станува збор за потенцијален судир со руските и кинеските ловци од петтата генерација Су-57 и „Ченгду“ Ј-20. За таа цел, американската војска направи беспилотно летало кое ќе биде спаринг-партнер за време на интензивното увежбување на воздушна битка.
Во САД се завршени копнените тестирања на нов беспилотен објект кој, според зборовите на рускиот веб-портал РГ, ќе има задача да го имитира повеќенаменскиот ловец од петтата генерација Су-57. Тестирањето во услови на лет ќе биде реализирано во првиот квартал од оваа година.
Според пишувањето на американскиот веб-портал Flight Global, ова летало официјално ќе го носи називот „Воздушна цел од петтата генерација“, или скратено како 5GAT. Леталото ќе го напојуваат два млазни мотори применети при склопувањето на американскиот суперсоничен школски ракетен авион Northrop T-38 Talon.
Sierra Technical unveils ‘faster’ and ‘more manoeuvrable’ stealth UAV https://t.co/4IWatvgdWK pic.twitter.com/b88OH8iETj
— FlightGlobal (@FlightGlobal) January 17, 2020
„Ова „невидливо“ летало ќе има еднократна употреба. Тоа ќе биде наменето за практична обука на пилотите за тактика на воздушен бој против авионите од петтата генерација (рускиот Су-57 и кинескиот „Ченгду“ Ј-20) и ќе претставува спаринг-партнер“, се наведува во текстот.
Покрај тоа, 5GAT ќе може да носи оружје на своите носачи, како и дополнителна електронска опрема за надзор на операциите за извидување.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
Извор: Russia Beyond