Facebook развива начин за безбедно да се заклучи Messenger, а се чини дека решението ќе им биде заклучување и отклучување на апликацијата со помош на лицето.
Сите обиди за зачувување на пораките се неуспешни во моментот кога телефонот паѓа во погрешни раце.
Програмерот Жан Манчун Вонг изјави дека е во развој нова функција за Messenger. Би требало корисниците да можат да ја заклучат апликацијата откако ќе ја напуштат, дали веднаш или во рок до еден час. Покрај тоа, апликацијата би можела да се отклучи со употреба на Face ID.
Facebook Messenger is working on "Face ID" app lock
It can be enabled right after the user leave Messenger or after a duration
It seems Face ID will NOT be sent to, or stored by Facebook’s servers, according to the description shown in the screenshot pic.twitter.com/pqBQAjOrnd
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) January 23, 2020
Со оглед на тоа што Вонг напишал за пристап до ова со Андроид телефон, тоа дефинитивно не е оној Face ID кој го користи Apple, а веројатно ќе биде преименуван подоцна доколку Facebook не сака да оди на суд, пишува SlashGear.
Можеби уште поважно, текстот подолу сугерира дека деталите за препознавање на лицето не треба да се чуваат на Facebook серверите.
Извор: B92.net