Штом стапнете на него, имате околу еден час живот – и тоа ако имате луда среќа, тврдат експертите.
Островот на змиите не е имагинарна локација од хорор филмовите туку реално место кое луѓето навистина го нарекуваат така иако локално уште е познат под името Кеимада Гранде.
Оддалечено е на околу 30 километри од крајбрежјето на бразилскиот Сао Паоло, а гледано од птичја перспектива изгледа восхитувачки убаво поради зелената вегетација, преубавото карпесто крајбрежје опкружен со кристално чисто море.
Меѓутоа, идејата на сурферскиот рај и еготичната локација за одмор брзо паѓа во вода затоа што островот на змиите не го добил своето име пради својот облик туку затоа што е дом на најсмртоносните змии на светот кои таму ги има во изобилство.
На Земјата не постои друго место на кое концентрацијата на отровните змии е поголема – истакнуваат научниците.
Површината на островот изнесува околу 0.45 квадратни километри, а исходот е јасен – таму не само што ќе видите змии отровници туку ќе видите многу од нив односно по една змија на секој метар.
Не е ни чудно што на тој остров не живеат луѓе, а единствениот доказ за човечко постоење на тој остров е светилникот изграден за да се избегнат бродоломи.
Некој морал да го изгради истиот и да управува со него, а според легендите во 1900-те години на островот живеел некој човек кој бил задолжен токму за тоа.
Последниот човек кој го одржувал тоа и неговот семејство не преживеале затоа што наводно змиите влегле во нивниот дом низ отворените прозорци.
По автоматизацијата на светилникот бразилската морнарица го затворила островот за јавноста и единствените луѓе на кои им е дозволен пристап таму се членовите на истражувачките тимови кои собираат научни податоци.
Отровните змии, разни видови ѕвечарки останале заробени на островот кога нивото на океанот пораснало па ги издвоило од копното. Природната селекција овозможила змиите да се прилагодат на својот нов дом па поради тоа дошло до пораст на нивната популација затоа што немале природни непријатели, а од друга страна имале доволно храна за да преживеат.
Змиите воглавно се хранат со птици, а доколку каснат човек важно е да се знае дека отровот на златните змии буквално го топи човечкото месо на местото на убодот и дури пет пати е посилен од отровот на другите отровни змии.
Смртоносниот вид кој локално се нарекува Квеимада Гарнде е непознат, а причината лежи во тоа што овој остров е нивниот единствен дом. Имаат преубава златна боја, а главите им се во облик на копје. Ова семејство змии е одговорно за околу 90 смртни случаи во Бразил.
Отровот на златните змии во денешните тестирања покажал фармацевтски потенцијал и веќе се користи за изработка на лекови за намалување на крвниот притисок, а се верува дека може да се користи и за спречување на згрутчување на кртва, срцеви болести и проблеми со циркулација.
Извор: Express.hr