Користејќи ги фотографиите што ги направи „Касини“, НАСА направи прекрасно видео од шестата планета во Сончевиот систем.
„Касини“ успеа детаљно да ги овековечи прстените на Сатурн, вителот на Северниот Пол на планетата и ураганот што трае веќе 30 години.
Сондата во моментот се наоѓа на својот последен лет, кој би требало да заврши на 15 септември. Станува збор за серија од 22 лета помеѓу горните слоеви на атмосферата на Сатурн и неговите прстени.
Со секој нареден прелет „Касини“ сè повеќе се приближува до планетата. Во последниот круг сондата ќе се приближи до Сатурн до тој степен што на крајот ќе согори во неговата атмосфера.
„Касини“ е лансирана на 15 октомври 1997 година, а до орбитата на Сатурн стигна на 1 јули 2004 година.
„Касини“ на Сатурновиот сателит Титан успешно се спушти на 14 јануари 2015 година и со тоа стана првата вселенска сонда која била успешно спуштена во надворешниот дел од Сончевиот систем.