Во следните неколку месеци постои голема шанса Apple да го претстави iPhone SE 2. За разлика од iPhone XR и iPhone 11, се очекува дека iPhone SE 2 ќе биде навистина достапен модел со спецификации, кои воглавно се засновани на iPhone 8 моделот. Според пишувањето на порталот DigiTimes, можеме да очекуваме не само еден модел на iPhone SE 2, туку два уреда.
Меѓутоа, ако се надевавте декаа двата модела ќе бидат лансирани во следнте месеци, тоа очигледно нема да биде случај. Извештајот тврди дека вториот модел на iPhone SE 2 би можел да биде лансиран во вториот дел од годината, веројатно заедно со премиум iPhone моделите за 2020. година, за кои се шпекулира дека немаат засек и дека имаат вграден Touch ID сензор во екранот.
Алтернативно, уредот би можел да биде претставен во 2021. година, што се чини во согласност со претходните гласини во врска со моделот iPhone SE 2 Plus. Порталот пишува дека вториот модел на iPhone SE 2 би можел да има екран помеѓу 5,5 и 6,1 инчи, но освен тоа, не сме сигурни кои спецификации би можел да ги има смартфонот.
Сите овие информации треба да се земат со резерва, посебно имајќи во предвид дека се уште ништо не е официјално потврдено. Меѓутоа, голем е интересот за подостапната iPhone линија на Apple, така што има смисла компанијата да сака да претстави поповолни модели за да го освои пазарот на пониската класа уреди.