Xiaomi неодамна тивко го најави својот нов паметен часовник – Watch Color, но компанијата не ги објави спецификациите на уредот, кој ќе биде официјализиран на 3. јануари.
Во меѓувреме, се појавија фотографии од малопродажното пакување на часовникот, кои ни даваат увид во карактеристиките и потврдуваат некои претходни претпоставки. Xiaomi Watch Color е заснован на Wear OS и има 1.39-инчен 454 x 454p AMOLED дисплеј. Часовникот го напојува 420mAh батерија, а тука е и поддршката за NFC и GPS со GLONASS.
Секако, Xiaomi Watch Color е водоотпорен на длабочини до 50 метри. Паметниот часовник користи Bluetooth 5.0 (low energy) за конекција.
Повеќе детали за цената, како и можните информации за глобалната достапност ќе дознаеме кога Xiaomi Watch Color паметниот часовник ќе биде официјализиран на 3. јануари во Кина.