Во својот деветти годишен „Worst Passwords List“ извештај, компанијата за управување со лозинки SplashData прегледала преку пет милиони лозинки кои протекле онлајн. Компанијата ги рангираше најлошите лозинки и ги прикажа нивните позиции во споредба со минатата година.
На првото место и натаму неприкосновено е лозинката „123456“, а следува „123456789“. Скок од шест места на листата оствари лозинката „qwerty“ која беше многу популарна во изминатата година, додека во Топ 10 листата успеа да се најде и лозинката „123123“.
SplashData истакнува дека и покрај големиот број на пробивања на податоци, изложувања на корисничките логин и други приватни податоци онлајн, и натаму се забележува дека огромен број луѓе користат вообичаено лоши лозинки. Фирмата препорачува користење на password менаџер, како и генерирање на случајни симболи, за да се обезбеди истите лозинки да не се користат на поголем број на сајтови.
Топ 10 листата на најлоши лозинки е достапна подолу, а целосната листа можете да ја пронајдете ТУКА.
123456
123456789 (↑ 1)
qwerty (↑ 6)
password (↓ 2)
1234567 (↑ 2)
12345678 (↓ 2)
12345 (↓ 2)
iloveyou (↑ 2)
111111 (↓ 3)
123123 (↑ 7)
Поврзани артикли