Канзас Сити стана првиот најголем град во САД што обезбеди бесплатен јавен превоз. Минатата недела градскиот совет гласал дека возењето со автобус и трамвај, мрежа која е почната во 2016 година, сега да не чини ништо.

Градските лидери се определија за овој потег да ги мотивираат луѓето да користат градски превоз, што ќе резултира во помалку автомобили на градските улици и, следствено, да го намали загадувањето.

Билет за автобус во Канзас Сити чини 1,5 долари, додека месечен билет е 50 долари. Градскиот совет одлучи да издвои дополнителни осум милиони американски долари, колку што е приходот од билетите, за да се надомести загубата во градскиот сообраќај.

Покрај борбата против климатските промени со овој потег, градските власти се надеваат дека одлуката ќе придонесе и за подобро позиционирање на социјално загрозените категории кои ќе можат полесно да најдат работа и да одат на работа.