Мапирањето на сите мозочни функции е чекорот кој ветува разбирање на начинот на кој луѓето функционираат на фундаментално ниво, а мапирањето на функциите на мозокот на молекуларно ниво би ни помогнало во пронаоѓање нови начини за борба против разните невролошки болести, како и за потенцијално зголемување на човечката интелигенција.

Тим истражувачи од институтот Салк и универзитетот од Калифорнија Сан Диего постигнале големо откритие кое може да помогне во овие напори. Со релативно нов процес, научниците успеале да откријат нов вид на мозочни клетки.

Пред неколку декади, невроните се идентификувале само според нивната форма, додека сега со молекуларниот пристап може да се гледа во модификацијата на метилацискиот профил помеѓу клетките што прецизно кажува за каков вид на клетка се работи.


Накратко, со секвенцирање на молекуларната структура на невроните кои под микроскоп изгледаат идентично, тие можат да се распределат во подгрупи за подобро разбирање на функционалноста на секоја од нив.

Ова истражување ќе им овозможи на научниците да добијат комплетна „листа на делови“ за некој неврон и неговата функција.

Следен чекор би било истражувањето на молекуларните разлики во мозоците на здравите субјекти, споредени со оние кои имаат некоја мозочна болест. Така, доколку постои дефект во само 1% од клетките, со оваа метода тој ќе може да се забележи. Досега не постоело никаква шанса за откривање на дефект во толку мал процент на клетки.

На овој начин, истражувачите ќе можат да ги посочат точниот вид на клетки кои се одговорни за одредена болест, што во иднина би помогнало таа абнормалност да се корегира.