Еден од најефективните начини да ја модернизирате својата бања е вградување на хај-тек елементи.
Кога се во прашање хај-тек уредите за бањи, со денешната иновативна технологија, сопствениците на домовите можат да бираат од широката палета на производи. Еден од најсигурните избори се високотехнолошките славини.
Модернизираната славина е ситен детал кој нема многу да отскокнува од декорот, а значајно ќе го унапреди вашето искуство додека сте во бањата. Еден од најновите хај-тек производи на пазарот е „Mood” дигитализирана славина за лавабо од компанијата Noken.
Славината „Mood” има вграден дисплеј кој ја прикажува температурата и брзината на протокот на водата. Преку дисплејот можат и да се подесат програми за миење на заби, миење на раце, како и да се постават граници на температурата и дотекот на водата. Покрај славината се добива и приклучен кабел, како и резервна батерија.
Дигитализираната славина „Mood” овозможува секоја функција на лавабото, од температурата до брзината на водата, да се прилагоди на специфичните потреби на поединецот.