uTorrent е обележан како малициозен, и тоа од неколку големи антивирус програми, вклучувајќои го и Virustotal.
uTorrent Classic како опасен е препознаен од дури десет антивирус програми, а меѓу другите, како ризичен го означија и Microsoft Defender, Sophos, Eset Nod32, GData и Dr.Web. Тоа што програмата е означена не значи дека секогаш е малициозна и проблематична, бидејќи доаѓа и до лажни позитивни резултати, но веројатноста некоја програма со себе да донесува проблеми се зголемува, колку повеќе мејнстрим антивирус програми го означат како малициозен.
Поголем дел од антивирус програмите кои го означија uTorrent, апликацијата ја означија како непожелна (PUA or potentially unwanted application), што значи дека постои можност софтверот да „не е чист“ и на погодените уреди да дистрибуира малициозни фајлови. Проблемот со програмата е тој што со инсталацијата нуди и други софтвери, како password менаџерите Dashlane i WinZip, а тука е обично и рекламата за NordVPN, па експертите предупредуваат дека опасноста се зголемува, колку повеќе различни софтвери се врзани за некоја инсталација.