Пред две недели „Тесла“ го најави долгоочекуваниот „сајбер-камион“ (Cybertruck). Иако возилото беше тема на исмевање на интернет поради невообичаената форма, сепак, има сериозни моќи.
Можеби треба да го видите за да верувате. Во видео што извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, го сподели на „Твитер“ може да се види како сајбер-камионот без напор влече врзан „форд“ F-150 пикап нагоре.
Ова е импресивна карактеристика која сигурно ќе предизвика зачуденост кај многумина, особено ако се земе предвид дека F-сериите на „форд“ беа најдобро продаваните камиони во Америка цели 42 години.
Cybertruck pulls F-150 uphill pic.twitter.com/OfaqUkrDI3
— Elon Musk (@elonmusk) November 24, 2019
Oва е речиси во согласност со рекламираните капацитети за влечење на секој камион. Сајбер-камионот ќе може да влече повеќе од 6.350 килограми, додека најголемиот товар кој може да го влече „форд“ F-150 е околу 6.000 килограми, односно 6 тони.