Австралиската држава Нов Јужен Велс, во најголемиот град Сиднеј ја постави првата сообраќајна камера на светот за да открие употреба на мобилни телефони за време на возењето.
Камерите имаат за цел да ги намалат сообраќајните несреќи за една третина за две години, соопшти Управата за сообраќај.
Овие камери за откривање на мобилни телефони ќе работат непрекинато во сите временски услови за да се открие дали возачот има телефон во рака, соопшти Бирото за сообраќај NSW, кое управува со државните транспортни услуги.
„Тоа е систем што ќе ја промени културата“, изјави полицискиот командант Мајкл Корбој за австралиските медиуми.
Телефонските повици за време на возењето се легални, но само со hends free уреди. Сè друго, како видео повици, користење социјални мрежи и фотографии е нелегално додека сте зад воланот.
Годинава загинале 329 лица во сообраќајни несреќи во Австралија, споредено со 354 за цела 2018 година. Државата сака да ги намали сообраќајните несреќи за 30 проценти до 2021 година.
Мобилните камери за откривање мобилни за време на возењето користат вештачка интелигенција што ги разгледува фотографиите и откриваат незаконска употреба на мобилните уреди, информира Бирото за сообраќај во Нов Јужен Велс.