Facebook го повлече до сега најголемиот потег со кој ќе стане конкуренција на телевизискиот пазар, проширувајќи ја својата понуда со содржини на
програми во широк спектар – од професионална женска кошарка, до сафари шоуа и програми за родителите.
Редизајнираниот производ на Facebook под името „Watch “ на почеток ќе им биде на располагање на ограничена група корисници во САД на мобилната апликација на социјалната мрежа, вебсајтот и на телевизиска апликација.
Оваа најголема социјална мрежа во светот од минатата недела на својата понуда додаде и видео содржини, а веќе со месеци сигнализира дека сака да стане извор на оригинални и квалитетни видеа.
Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг во својот пост порача дека „Watch“ ќе им овозможи на корисниците нивна заедница”.
Facebook објави дека новата услуга ќе вклучува видео содржини со американска женска кошарка, сафари шоуто на National Geographic, шоу за родители од компанијата „Тајм“, а ќе продолжи да емитува и бејзбол. Платформата ќе биде отворена за сите кои произведуваат шоу
програми како место за дистрибуција на видеа.