Не е тајна дека Apple работи на очила за проширена реалност. Новитет е дека поднел патент и за слушалки кои ќе овозможат исто аудио чувство.
Денес, слушалките често се користат како корисен додаток за конференциски повици. Во патентната пријава Apple ги опишал слушалките со пре-процесор способен да ги прима сигнлите на соговорникот од конференцискиот повик, да ги поврзе со соодветните метаподатоци и потоа да направи репрезентација од каде може да дојде сигналот. Ова остава впечаток дека испитаниците се во иста просторија, иако тие всушност можат да бидат илјадници милји далеку и на различни страни на светот.
Патентот исто така опишува „контролор за следење на главата“, кој би анализирал на која страна корисникот гледа во моментот. Слушалките на тој начин би можеле да користат повеќеканално аудио за да го „фокусираат“ звукот во таа насока, односно кон соговорникот позициониран во тој виртуелен свет. Во исто време, би бил скениран и просторот во кој се наоѓа лицето, така што на секој соговорник ќе се креира виртуелна просторија во согласност со вистинските димензии и обликот на просторијата во која се наоѓа. Со други зборови, со вакви слушалки, корисниците би имале впечаток како сите да се наоѓаат во иста просторија.
Како нивна природна намена се гледа спарувањето со AR очилата, за да се постигне комплетно AR искуство. Во тој случај, испитаниците теоретски би можеле да се видат меѓусебно, што дополнително би го надополнило чувството за присуство.
Очигледно е дека оваа технологија иницијално е наменета за деловна употреба, но многу лесно може да се пренасочи кон обичните телефонски повици, како и во индустријата за забава.