Паметните телефони и електронските уреди ги користиме секојдневно, но дали сме свесни колку инсталираните апликации на нашите телефони и ажурирањето што тие го прават, го трошат мобилниот интернет?
Секојдневните новитети на апликациите какви што се Facebook, Instagram, Snapchat, имаат потреба од зголемен волумен на интернет.
Видеата на You Tube се во HD-резолуција, видеата што се поставени на Facebook автоматски се вклучуваат без да се притисне “Play”, а опцијата Story на Instagram од еден преглед може да потроши дури 30MB, во зависност од резолуцијата и од големината. Сè што треба да направите за да проверите кои апликации Ви трошат најмногу интернет, е да ја одберете опцијата “Data usage” на Вашиот телефон.
За да добиете претстава колку MB се троши при гледање видео, за Вас ја подготвивме следната табела:
Посебно внимание треба да обрнете кога користите WiFi конекција со слаб сигнал. Честопати се случува интернет-сообраќајот да Ве префрли на mobile data така што во овој случај ќе Ви биде наплатено соодветно на Вашиот тарифен модел или интернет-пакетот што го имате активирано. Затоа е добро при користење WiFi, секогаш да ја имате исклучено опцијата mobile data на Вашиот телефон, ова изгледа доста напорно секојпат да се исклучува опцијата mobile data, но така ќе имате поголема контрола во трошењето на интернет-сообраќајот.
Исто така, доколку не ја користите опцијата за tethering (mobile data sharing, hotspot), таа треба да Ви биде исклучена. Овој интернет-сообраќај може да не се прикажува на бројачот во апликацијата “Data usage” на телефонот.
Важно е да се знае дека количината на пренесените податоци не зависи само од брзината со која се пренесуваат податоците, туку и од можностите на уредот што го користите, како, на пример, резолуцијата на екранот, брзината на процесорот и типот на мрежата.
На пример, ако следите некој You Tube канал, апликацијата на You Tube пред да го започне приказот на видеосодржината, ја проверува брзината на интернет-сообраќајот, резолуција што е поддржана од уредот и врз основа на тоа ја приспособува брзината на интернет-сообраќајот. Со тоа, доколку имате подобар смарт-телефон, брзината на трошење на интернет-сообраќајот е поголема, едно исто видео на различни уреди може да потроши различна количина интернет-сообраќај.
Еве неколку совети што треба да ги имате на ум кога ги користите апликациите на Вашите паметни уреди:
– Исклучете ги автоматските ажурирања на сите апликации сè додека не се поврзете на WiFi мрежа.
– Во Settings/Data Usage во Вашиот телефон, редовно проверувајте која апликација Ви троши најмногу интернет.
– Пред да ја отворите апликацијата You Tube, Settings/General одберете Limit mobile data usage, а исклучете ја опцијата Autoplay. Видеото ќе биде прикажано во помала резолуција и нема автоматски да стартува ново видео, додека на Wi-Fi ќе се прикажува во HD-резолуција.
– Во апликацијата Facebook, во делот App Settings, внимавајте во Autoplay да ја имате вклучено опцијата Autoplay on WiFi only.
Кога користите Instagram, во Cellular Data Use, одберете ја опцијата Use less data.
Многу важна опција за контрола на трошење на интернетот на Вашиот телефон е делот во Settings/Cellular/Use cellular data for. Тука можете да одлучите кои апликации може да ги користите кога не сте на WiFi. Во менито “Settings” се клика на Cellular, и во делот Use cellular data for: корисникот гледа за која апликација користи најмногу mobile data.
- Доколку користите iCloud за зачувување на Вашите податоци, внимателно одберете кои апликации и содржини ќе ги зачувате.
Ви посакуваме безгрижно сурфање!