Компанијата Huawei ги претстави Smart Screen телевизорите од 65 и 75 инчи. Huawei Smart Screen V65 и V75 претставуваат 4K HDR Quantum dot LED smart TV уреди со 120Hz освежување на екранот и софтверска поддршка во вид на Harmony OS.
Дисплејот покрива 100% NTSC распон на бои, а исто така има динамичка МEMC видео компресија за пофлуиден фрејмрејт. Во горниот дел на рамката, Huawei додаде pop-up камера за 1080p видео конференциски повици, а тука се и функциите на длабинско следење кои овозможуваат основно следење на движењата на телото и контрола преку гестикулации.
Двата телевизора го користат четиријадрениот Honghu 818 чипсет на Huawei, спарен со 4GB RAM и 64GB простор за складирање податоци. На полето на софтверот, тука е и Harmony OS на Huawei, заедно со неколкуте функции на компанијата како Huawei Share, Smart home контролите и интересните функции на пренесување на содржините од два телефона.