NASA се здружи со пет комерцијални вселенски компании кои имаат дизајнирано роботски слетувачи коишто би можеле да пренесат поголем товар и луѓе на Месечината. Програмата има за цел – слетување на човечки екипаж на површината на нашиот природен сателит до 2024 година.
Компаниите со свои потписи на партнерскиот договор се Спејс-Икс, Блу ориџин, Сиера Невада корпорејшн, Серес роботикс и Тyвак нано-сателајт системс инк. кои и порано работеле на заеднички проекти со NASA.
Договорот не им гарантира на компаниите дека токму нивното вселенско летало ќе биде испратено на Месечината. тој само значи дека NASA ќе ги земе во обѕир овие компании кога ќе има потреба од нивните услуги.
NASA претходно годинава ги избра компаниите Астроботик, Интјуитив машинс и Орбит бијонд да испратат свои роботски слетувачи на Месечината на почетокот од 2020-тите, при што секој вселенски брод ќе носи различен товар. Орбит бијонд потоа се откажа со образложение дека нема да биде во можност да ги исполни очекувањата до крајот на 2020 година.
Изборот на NASA на компании коишто би изградиле летало за превоз на луѓето на Месечината. Конкурсот бил отворен до 1 ноември, а одлуката се очекува наредниве неколку месеци.
Поврзани артикли