Се чини дека Facebook активно ја користи камерата на iPhone без ваше знаење додека скролате низ неговиот feed.
До ова откритие дојде корисникот со име Џошуа Медокс, кој своето сознание го сподели на Твитер.
До „проблем“ доаѓа на апликацијата Facebook за iPhone, а видеото кое го сними јасно покажува дека камерата активно работи во позадина, додека тој поминува низ својот feed.
Found a @facebook #security & #privacy issue. When the app is open it actively uses the camera. I found a bug in the app that lets you see the camera open behind your feed. Note that I had the camera pointed at the carpet. pic.twitter.com/B8b9oE1nbl
— Joshua Maddux (@JoshuaMaddux) November 10, 2019
Сè уште не е познато дали ова е очекувано однесување или баг во софтверот за iOS.
Но, без оглед на причината, ваквото однесување е прилично вознемирувачко ако ги земеме во предвид сите проблеми кои ги имаше социјалната мрежа поради начинот на кој пристапува до личните информации на корисниците.
Исто така, секој сопственик на iPhone би требало да знае дека секоја апликација на која и даден пристап до камерата може тајно да сними сè што прави сопственикот на телефонот.