Соосновачот на WhatsApp, Брајан Актон не го промени мислењето за Facebook и се уште продолжува да ја заговара идејата за бришење на фејсбук-профилите. На собирот за 25-годишнината на Wired, познатиот програмер изјави дека луѓето ќе мора да донесат сопствени одлуки поврзани со социјалната мрежа, но лично смета дека најдобрата одлука е да се откажете од оваа социјална мрежа.
– Ако сакате да бидете на Facebook и цел ден да гледате реклами, само продолжете – рече тој.
Твитот на Актон излезе во текот на најголемиот интерес за скандалот „Кембриџ Аналитика“, односно за време на иницијативата #DeleteFacebook (Избришете го Facebook). Да потсетиме, социјалната мрежа на Закерберг наводно случајно ѝ дозволила на компанијата за политичко советување да дојде до личните податоци на десетици милиони луѓе. Токму овој скандал Актон го искористил за на корисниците да им го насочи вниманието на тоа со каква компанија си имаат работа.
Новинарот Стивен Леви го праша Актон зошто одлучил да го сподели ова со јавноста. „Во тоа време постоеше притисок против Facebook. Си помислив, сега е времето“, рече тој.
Актон е само еден од поранешните извршни директори на Facebook кој отворено зборува против компанијата. Во 2017 година тој изјави дека компанијата создаде алатки што управуваат со нашето општество и начинот на кој општеството функционира.
Извор: Tportal.hr