Покрај тоа што корисниците можат да пристапуваат и уредуваат Photoshop фајлови во движење, верзијата наменета за iPad „нуди ново корисничко искуство и е целосно редизајнирана за iPad со фокус на допир и движење“. Корисниците на iPad долго време чекаа на Photoshop, гласините за негово доаѓање се појавија во текот на летото 2018 година, а официјални информации пред една година.
Објавена е и нова десктоп верзија на Photoshop, која вклучува нов Sensei AI и значително проширување на системот за cloud документи на Adobe. Овој апдејт вклучува поддршка за PSD фајлови и Adobe Aero. Корисниците сега можат да ги уредуваат истите фајлови во Photoshop на десктоп и iPad, без да се грижат за конверзија, компресија и слично. Целата работа автоматски се снима во облак.
Сепак, Adobe предупредува дека верзијата на Photoshop за iPad сè уште не поддржува се што е достапно во десктоп верзијата, што значи дека ќе бидат додадени нови функции врз основа на тоа како ќе се користи iPad верзијата.
Оние кои се претплатени на Photoshop уште сега можат да ја преземат апликацијата за iPad. Достапен е и бесплатен период на користење.