Платформата за безбедност на компјутерски кодови, Гит-Лаб објави забрана за Кинези и Руси да работат за компанијата како инженери за поддршка и проценка на сигурноста и заканите.
Гит-Лаб е фирма со седиште во Украина, која опслужува големи американски компании и конгломерати, како НАСА, Спејс-Икс, Ај-би-ен и други.
Во изјава за „Глобал тајмс“ се наведува дека новите ограничувања се должат на „нестабилната внатрешна атмосфера во САД откако службите за безбедност ги вклучија Кина и Русија во земјите извори на киберзакани“.
Според Наташа Вудс, постар менаџер за корпоративни комуникации на Гит-Лаб, компанијата сѐ уште го разгледува списокот ограничувања.
– Во овој миг нема службеници од Кина, Русија и Северна Кореја, кои работат како инженери за поддршка и инженери за оценка на сигурноста, изјави Вудс.