Гласините, кои се појавуваа претходно, сега се реализираа: Facebook се одлучи за промени во брендирањето. Компанијата претстави ново корпоративно лого и стратегија на брендот, за која смета дека појасно ќе го оддели Facebook како компанија од своите индивидуални апликации.
За логото нема што многу да се каже – во прашање е само Facebook името испишано со модерен фонт. Сепак, новиот стил теоретски ја означува сопственоста појасно во ситуации кога на производите како Instagram, WhatsApp, Oculus и др. се гледаат ознаки „from Facebook“.
Апликацијата Facebook ќе го задржи сопственото брендирање и покрај новиот стил. Новиот изглед се очекува да се појави во текот на следните неколку недели.
Секако дека во најголема мерка се работи за козметичка измена со оглед на тоа дека многу функционални интеграциии во рамките на производите на Facebook се случија пред неколку години.