Instagram Feed ќе изгледа малку поинаку. Минатата недела, Spark AR, компанија задолжена за многубројни филтри на Instagram најави дека ќе ги отстрани сите ефекти поврзани со пластичната операција. Од компанијата не дадоа детали за кој филтер станува збор.
И додека не е одредено кога точно ќе биде спроведено отстранувањето на филтрите, познато е дека промената најверојатно ќе ги зафати филтрите ‘Plastica’, ‘Bad Botox’ и ‘Fix Me’.
View this post on Instagramfix me filter just out – come live your plastic surgery fantasy
A post shared by DANIEL MOONEY (@danielmooney) on
Но, другите филтри и понатаму ќе бидат дел од апликацијата, вклучувајќи ги и омилените со ефекти на уши од куче или круна.
Забраната за филтри што на лицето му даваат ефект на пластична операција е последната промена на Instagram. Минатиот месец оваа социјална платформа ги забрани статусите што промовираат губење килограми и естетски операции, а во некои држави се разгледува и опцијата за укинување на лајковите.
Извор: 6yka.com