Чистата добивка на компанијата Apple во третиот квартал на 2016-2017 фискална година која заврши на 1 јули, се зголемила за 12% – до 8,717 милијарди долари. Приходите на компанијата пораснаа за 7% во текот на пресметковниот период – до 45,408 милијарди долари во споредба со претходната година.
„Со приходите поголеми за 7 отсто во текот на годината, ние сме среќни да го пријавиме нашиот трет последователен квартал на забрзување на растот и кварталниот рекорд за приходите од услугите “, рече Тим Кук, извршниот директор на Apple. „Бевме домаќини на неверојатно успешна светска конференција за програмери во јуни, и многу сме возбудени поради напредокот во iOS, macOS, watchOS и tvOS што доаѓаат оваа есен.
Вкупниот приход изнесуваше 45,4 милијарди долари од почетокот на мај до крајот на јули, што значи раст од 7 отсто во споредба со истиот квартал во 2016 година. Изворот на овие “неколку долари” е поделен меѓу категориите на производи со следново: iPhone 55 %, IPad 11%, Mac 12%, Услуги 16%, Други 6%.
Во второто тримесечје од 2017 година, Apple продаде вкупно 41 милиони парчиња iPhone уреди, што значи раст од 2% во споредба со истиот период минатата година. Apple продаде вкупно 11,4 милиони таблети во изминатите три месеци, што значи зголемување од 15% во споредба со 2016 година. Сепак, вкупниот профит добиен од iPad уредите порасна само 2%.