По четири години, Селена Гомез е подготвена да издаде уште еден албум. Пејачката го објави музичкиот спот за нејзината нова песна „Lose You to Love Me“, на полноќ во вторникот.

Apple ја промовираше песната на Apple Music и YouTube, каде се појави едноминутен видео запис на Гомез. Софи Мулер, режисерот кој работеше со Гомез на „ Good for You“, го снимаше најновото видео користејќи само iPhone 11 Pro, објави Billboard.

Интересно е дека камерата на iPhone 11 Pro беше главната иновација на годинешната iPhone линија. Новата камера со тројни леќи има ноќен режим дизајниран да фотографира подобри слики при слаба осветленост, а Apple наведува дека може да снима 4K видеа со „проширен динамичен опсег и кинематографска стабилизација на видеозаписите“.

Apple, исто така, на новиот iPhone инсталираше и нови напредни алатки за уредување на видеата.