Honda најави дека ќе ги забрза плановите за електрификација на своите возила во Европа. Јапонската компанија има намера сите свои масовни модели на стариот континент да бидат електрично напојувани до 2022, наместо 2025 година, како што беше првично најавено. Во текот на следните 36 месеци, Honda ќе лансира шест електрифицирани возила во Европа, вклучувајќи го и хибридниот Jazz. Honda CR-V веќе има хибриден погон, како и суперавтомобилот NSX.
Компактниот е-автомобил Honda e, исто така, ќе пристигне до клиентите следната година, а потоа очекуваме да ги електрифицираат и Civic и HR-V. Honda има намера да го користи во глобален размер e:Technology, која ќе се однесува на сите електрифицирани модели на компанијата, вклучително и мотоцикли и други производи. За возилата, назнаката ќе го наведе и типот на погонот – на пример, новата верзија на Jazz ќе вклучува бренд e: HEV, кој доаѓа од Hybrid Electric Vehicle.
Покрај тоа, Honda најави дека ќе се здружи со Vattenfall во Европа, што ќе им овозможи на потрошувачите да ги полнат своите автомобили за делови од денот со најдобри цени, а исто така ќе промовираат и употреба на енергија од обновливи извори. Услугата ќе започне во 2020 година и првично ќе биде достапна во Велика Британија и Германија.