Google минатата недела ја објави следната голема опција за Maps, благодарение на која возачите ќе можат да ги информираат другите за несреќи на патот, застои, но и позициите на кои се наоѓа сообраќајната полиција.
Опцијата пристигна само на некои уреди, па останува да се види дали ќе заживее, бидејќи полицијата и претходно застанувашe против ваквите опции, како онаа што ја нуди апликацијата Waze. Google, кој е и сопственик на Waze, претходно добиваше барања за отстранување на опцијата за лоцирање на сообраќајните патроли, и во таа прилика беше истакнато дека нема причина возачите однапред да добиваат информации за тоа каде се наоѓаат патролите. Google за опцијата отсекогаш се изјанувал како за функција, која возачите ги мотивира да забават, што е секогаш препорачливо.
Експертите велат дека причина за новата опција може да биде и тоа што Apple неодамна објави ажурирање за својата Maps услуга, што е голем чекор, бидејќи апликацијата со години беше прилично лоша, а Apple ги охрабруваше возачите да користат Apple Maps. Само неколку недели подоцна Google објави информација за нова опција, која многумина веќе ја сметаат за контроверзна, а која возачите долго ја посакуваа.