Ако размислувате за продажба, не размислувајте предолго, бидејќи вредноста ќе продолжува да се намалува.
Како што е случај и со автомобилите, откако ќе го извадиме својот нов телефон од кутијата, неговата вредност почнува да опаѓа. Без оглед дали станува збор за премиум или буџетен модел, тој со текот на времето ја губи својата вредност.
Ова и не е толку страшно доколку планирате да го користите телефонот повеќе години, што е најчест случај со премиум моделите, но доколку сакате да го продадете во блиска иднина – тоа може да биде проблем.
Од друга страна, не сите модели на сите произведувачи ја губат својата вредност со исто темпо. Сепак, добро е да знаете што можете да очекувате доколку решите да го продадете својот телефон во некој момент.
Затоа, денеска одлучивме да ги споредиме цените на постарите телефони со цените по кои денес можат да се купат, за да се утврди колку опаднала нивната вредност, како и кои произведувачи се најпроблематични по ова прашање.
Модел: Apple iPhone XS Max (64GB)
Датум на појавување на пазарот: септември 2018
Оригинална цена: 1.099 долари
Вредност по една година: 580 долари
Модел: iPhone XS (64GB)
Датум на појавување на пазарот: септември 2018
Оригинална цена: 999 долари
Вредност по една година: 501 долар
Модел: iPhone XR (64GB)
Датум на појавување на пазарот: септември 2018
Оригинална цена: 799 долари
Вредност по една година: 381 долар
Модел: iPhone X
Датум на појавување на пазарот: септември 2017
Оригинална цена: 999 долари
Вредност денес: 382 долари
Модел: iPhone 8 Plus (64GB)
Датум на појавување на пазарот: септември 2017
Оригинална цена: 799 долари
Вредност денес: 311 долар
Модел: Samsung Galaxy S9 (64GB)
Датум на појавување на пазарот: март 2018
Оригинална цена: 719 долари
Вредност по една година: 195 долари
Модел: Samsung Galaxy Note 9 (64GB)
Датум на појавување на пазарот: август 2018
Оригинална цена: 1.000 долари
Вредност по една година: 321 долар
Модел: Google Pixel 3XL (64GB)
Датум на појавување на пазарот: ноември 2018
Оригинална цена: 899 долари
Вредност по една година: 271 долар
Модел: LG V40 ThinQ (64GB)
Датум на појавување на пазарот: октомври 2018
Оригинална цена: 900 долари
Вредност по една година: 200 долари
Модел: LG G7 ThinQ (64GB)
Датум на појавување на пазарот: мај 2018
Оригинална цена: 749 долари
Вредност по една година: 112 долари
Извор: Telegraf.rs