“Вонземските набљудувачи” би можеле да се наоѓаат во нашиот Сончев систем.
Американскиот физичар Џејмс Бенфорд во еден од своите последни трудови тврди дека постојат таканаречени “набљудувачи“ и дека постои можност тајно да нè надгледуваат од вселената веќе милиони години, можеби дури и претходно уште пред да настанеме ние.
Иако таквата претпоставка на прв поглед изгледа како радикална, станува збор за тема која има долга историја во научниот домен на пребарување на вонземјанската интелигенција, пишуваат од Science Alert.
Во 1960. година, радиофизичар од универзитетот Станфорд, Роналд Брејслев, прв ја изнел идејата дека “супериорните галактички заедници“ ги испраќаат своите меѓуѕвездени сонди како “хипотетички пипки“ за да набљудуваат, надгледуваат, а можеби дури и да комуницираат со други облици на живот, вклучувајќи го и оној на Земјата.
„Сондата која можеби е лоцирана во наша близина има знаци на постоење уште пред нашата цивилизација да развие степен на развој. Во меѓувреме таа можеби веќе милиони години наназад испраќа извештаи за нашата биосфера и цивилизација“ – истакнува Бенфорд.
Тезата на Бенфорд
Во својот научен труд Бенфорд дал предлог дека таквите “вонземски набљудувачи“ би можеле да се наоѓаат во нашиот Сончев систем. Како локација тој ги наведува објектите во близина на Земјата наречени коорбитални објекти.
Овие земјини квази сателити кружат околу Сонцето на начин сличен на оној на Земјината револуција и тоа во близина на нашата планета со која се гравитациски поврзани.
Астрономите досега откриле многу мал број на такви објекти.
„2016 HO3 кружи околу нашата планета и притоа никогаш не се оддалечува премногу од неа бидејќи и двата кружат околу Сонцето. Може да се каже дека тој објект “игра“ околу Земјата“ – изјавил научникот Пол Кодас.
Извор: Kurir.rs