Лажните Lightning кабли за iPhone, iPad и iPod уредите, со помош на кои е можно да се хакираат поврзаните телефони, таблет уреди или плеери влегоа во сериско производство и наскоро ќе бидат достапни на пазарот преку интернет продажба.
Кон крајот на септмеври, изворите од индустријата открија дека со помош на одреден тип на кабел, кој служи за сите уреди со Lightning врска, може да се изврши напад на поврзаните уреди. Со нападот е можно да се преземе контролата над уредот и тоа без присуство на напаѓачите.
Кабелот е наречен “O.MG cable“ и изгледа целосно исто како легитимен кабел на iPhone, iPad или iPod, но има изменет и додаден хардвер, кој служи за хакирање на поврзаниот уред. Вградена е и ситна безжична конекција, која е и одговорна на далечински пристап на уредот.
I will be dropping #OMGCables over the next few days of defcon.
I will also have 5g bags of DemonSeed, if that’s your thing.
I’ve been very busy with @d3d0c3d & @clevernyyyy.
Details and update here: https://t.co/0vJf68nxMx
— _MG_ (@_MG_) August 9, 2019
Првиот O.MG кабел настана во кујната на својот творец, Мајк Гровер, кој го продаден за 200 долари на една неодамна одржана конференција за сајбер безбедност. Неговиот кабел така стана широко достапен и компаниите веќе се тркаат да го произведат за целите на истражување и зголемувањето на безбедноста на iOS уредите.
Секако, јасно ви е дека овие кабли, исто така, можат да ги искористат малициозни луѓе, кои сакаат да им наштетат на сопствениците на iOS уреди – со кражба на податоци, различни опции на хакирање и прислушкување на корисниците.
After months of work, I am now holding the very first fully manufactured #OMGCable. I can’t wait to get these up on https://t.co/mVYIMD3v7g
Now time for a fully destructive teardown to make sure they meet all my requirements for a fully field-ready piece of attack hardware. pic.twitter.com/lMVBv5RRjw
— _MG_ (@_MG_) September 29, 2019