Microsoft во текот на својата неодамнешна презентација, покрај големиот број хардверски новитети, најави и нов оперативен систем. Windows 10X е софтверска платформа која ќе се користи на флексибилните уреди, како и на моделите со два екрани.
Windows 10X пристигнува во текот на празничната сезона, кон крајот на 2020. година. Платформата е заснована на Windows Core OS, кој ги модуларизира различлните компоненти на оперативниот систем.
Surface Neo со два екрана ќе биде еден од првите Windows 10X модели, како и преклопниот/флексибилен PC на компанијата Lenovo. на почетокот, сите Windows 10X уреди ќе бидат засновани на Intel и нема да постои можност да се овозможи X мод за постоечките Windows 10 уреди. Овој оперативен систем е исклучиво креиран за уреди со два екрани и флексибилни модели со дисплеј на преклоп.
Windows 10X е креиран за да биде модерен систем, така што нема некои лимити кои ја карактеризираат стандардната верзија на Windows 10. Би требало без прекини да се апдејтува во позадина, што не е карактеристика на стандардниот Windows. Не беше сигурно дали ќе може да покренува Win32 апликации, но сега е потврдено дека ќе ја има оваа можност.
Microsoft во текот на својот настан го демонстрираше софтверот, прикажувајќи апликации кои се стартуваат на екранот, кои ќе ги избере корисникот, нивното префрлање на другиот екран и слично.