Microsoft Paint сепак нема да исчезне целосно. Класичната апликација ќе продолжи да живее во Windows Store во форма на бесплатна верзија.
Излезе дека изјавата на Microsoft од вчера беше малку избрзана и непрецизна. Тогаш компанијата објави дека MSPaint.exe ќе биде изваден од активна употреба во претстојниот Windows 10 Fall Creators Update и дека апликацијата веќе не се развива и може да биде укината во целост.
Благодарение на реакцијата на корисниците сепак софтверскиот гигант одлучил да го задржи популарниот графички едитор.
„Многу ни е мило што и по 32 години, MS Paint сѐ уште има фанови. Би сакале да потенцираме дека Paint не си заминува туку само ќе има нов дом, Windows Store “ додадоа од Microsoft и ги охрабрија кoрисниците да работат so Paint 3D.
Апликацијата дебитира уште во 1985 година со првата верзија на оперативниот систем. Последната засега сериозна надградба на MS Paint дојде со Windows 7.