Научници од Самарскиот национален истражувачки институт „Корољов“, со колегите од институтот „Лебедев“ и научници од американскиот Универзитет Емори направија ласерски уред од кој подоцна ќе можат да се прават уште помоќни ласери.
„Врз база на слични ласерски уреди во иднина ќе биде овозможено создавање на глобални системи за заштита од астероидите, како и компактни моќни извори на кохерентно зрачење кое може да биде применето во индустријата“, соопштија од Самарскиот универзитет.
Од таму објаснија дека ласерот е заснован на концептот кој го предложил Мајкл Хејвен, професор по хемија на американскиот Универзитет Емори. Со тоа, американските и руските научници се на прагот на развивање на моќен ласер кој би можел да се користи против евентуален астероид кој би претставувал закана по Земјата.
Во уредот за полнење се применува сноп на диодни ласери, а во комората за празнење, атомите на инертни гасови се претвораат во метастабилна состојба во плазма која создава електрично празнење под притисок на слично атмосферско. Во слична гасовита средина се создава далеку помоќен и поквалитетен сноп отколку во полуспроводливите ласери.
„Предложениот спој на технологии дава можност за создавање на компактен ласер кој може да емитува непрекинато зрачење на силата од неколку мегавати. Освен тоа, активната средина на таквиот ласер содржи само инертни гасови што ја поедноставува техничката реализација и овозможува создавање на хемиски инертна верзија на ласерскиот уред, за разлика од ласерите на пара на алкални метали“, објасни Хејвен.
Како што соопшти Павел Михејев, водечки соработник на Самарскиот универзитет, научниците ќе го користат уредот за пронаоѓање на оптимален начин за добивање на метастабилни атоми на инертни гасови и ефикасен режим на генерирање на ласерски сноп.
Извор: Kurir.rs