Компанијата Microsoft полека, но сигурно се доближува до зацртаната цел – еден милион уреди да го користат нејзиниот оперативен систем Windows 10.

Microsoft соопшти дека Windows 10 моментално го користат повеќе од 900 милиони уреди, што е значителен скок во споредба со 800 милиони уреди регистрирани во почетокот на годината.

Од технолошката компанија на Бил Гејтс велат дека во изминативе 12 месеци имало повеќе нови уреди што користат Windows 10, отколку кога било досега, откако беше претставен оперативниот систем во 2015 година. Во оваа бројка се вклучени десктоп компјутери, лаптопи, таблети и уреди како HoloLens и Xbox One.

Зголемувањето најверојатно се должи и на укинувањето на поддршката за  Windows 7 најавено за во јануари 2020 година, а и поголемиот број деловни корисници преминуваат на Windows 10.

Скокот на 900 милиони уреди со Windows 10 беше забележан за само шест месеци од моментот кога оперативниот систем дојде до бројка од 800 милиони уреди. Ако продолжи ваквото темпо, Microsoft ќе влезе во новата година преминувајќи го прагот од 1 милијарда уреди со Windows 10.

Границата од 700 милиони уреди ја помина во септември, 2018 година, потоа 800 милиони во март, 2019 година, а сега во септември и 900 милиони уреди.

Windows 10 стана попопуларен од Windows 7 во почетокот на годинава. Microsoft планираше да ја премине границата од 1 милијардаа уреди со Windows 10 по првите три години од претставувањето, но тој рок веднаш беше продолжен откако стана јасно дека Windows Phone нема да биде успешен.

Извор: Klix.ba