Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од Втората светска војна, во близина на пристаништето Шчечин.
Бомбата „толбој“ тешка 5,5 тони и долга шест метри била пронајдена за време на работа на водовод кој води до Шчечин.
Бомбата која имала разорна моќ во домет од 10 километри е најголемата бомба од Втората светска војна пронајдена во Полска, јави „АП“.