„Светот на Биби“ добил највисоки оцени на презентацијата на Саемот на цртани филмови што се одржа во Тулуз, Франција, во сите категории по кои проектите се оценуваат на големиот Картун-форум кој собира илјадници учесници.
– Претставници на големи продукциски студија присуствуваа на презентацијата на која се обратија продуцентите Стојче Ѓорѓиев, Марјан Алексовски и Жарко Стојаноски, како и режисерот на „Светот на Биби“ – Гоце Цветановски, соопшти продукцијата.
Меѓу гостите биле претставници на: „BBC Children“, „Disney Channels Worldwide“, „Happy Family Entertainment“, „Kedoo“, „Monster Entertainment“, WeKids, Studio 100 Media, DreamWorks Animation Television, TV5MONDE, од Францускиот национален центар за кинематографија и анимација, Холандскиот филмски центар, Чешката телевизија…
– Многу сме среќни што имавме публика која беше одушевена од презентацијата, особено од тоа што сè е направено за кратко време во рамките на проектот. Добивме највисоки оцени и одлични коментари, велат од тимот на „Светот на Биби“.