Помалку скапиот iPhone можеби не е толку популарен како што беше при неговото лансирање.
Во ера кога повеќето смартфони имаа 5.5 и повеќе инчни екрани, Apple реши да претсави уред со одлични перформанси, а помал дисплеј, познат како iPhone SE. Стануваше збор за смартфон со физички пропорции на iPhone 5s, а моќни перформанси и камера како најновиот iPhone. Во моментов, побарувачката за уредот не е голема, но во првата четвртина откако беше претставен изнесуваше 5.5% од вкупната побарувачка на смартфони.
Според Pan Jiutang, кој е експерт за азискиот пазар, Apple се прилагодува на трендовите на пазарот и нема да лансира нови модели на iPhone SE, бидејќи купувачите бараат телефон од 5 инчен екран и може да се очекуваат само некои надградби на просторот за складирање. Оние кои планираат да купат, не мора да брзаат, ќе биде достапен уште некое време. Apple неодамна ја отвори својата продавница во Индија, каде што се произведуваат поголем дел од овие модели.