Се приближуваме до последната станица на еволуцијата по која со Земјата ќе владеат киборзи, а на луѓето лошо им се пишува – вакво радикално размислување изнел познатиот научник Џејмс Лавлок, кој неодамна го прославил стотиот роденден.
Лавлок смета дека крајот веќе започнал, а како прв чекор на последната етапа на човештвото го гледа “AlphaGo”, програмот кој поседува вештачка интелигенција и кој не само што научил да игра “Go”, туку ги поразил и најдобрите играчи на светот.
Тоа во што не треба да се сомневаме е дека вештачката интелигенција е се понапредна, па Лавлок верува дека во иднина ќе биде неколку милиони пати попаметна од луѓето.
Со земјата тогаш веќе нема да доминираат луѓе, туку киборзи кои ги опишал како самодоволни и самосвесни потомци на денешните роботи и системите за вештачка интелигенција. Тој период го нарекол “ново ново доба”.
Киборзите би требало да бидат “сами свои шефови” – нивното размислување ќе биде напредно.
Тие не би требало да се завртат против луѓето, ниту да живеат во некој идиличен соживот со нашиот вид, туку би можеле на нас да гледаат на сличен начин на кој денес ние гледаме на билките, вели британскиот научник.
Со оглед на тоа дека не им требаат вода и кислород, тие би можеле да направат билки и дрвја кои не произведуваат кислород, туку електрична енергија.
Тоа би значело и крај на човештвото, додека киборзите во целост не завладеат со планетата како последен еволутивен вид кој никој нема да го наследи. Тој вид на Земјата би можел да трае околу милијарда години.
Извор: B92.net